БОДРИЧИ (Македонјани) 4 век п.н.е. – 12 век н.е.

0
584

Извор: Древняя история казачества” – Евграф Савельев (страница номер 58)

„По падении Македонского царства часть македонцев около 320 г. до Р.Х. переселилась к Балтийскому морю; народ этот там стал известен под именем Бодричей, сохранивший до самого падения своего герб Александра Македонского, изображавший буцефала и грифа. Бодричи говорили на славянском языке и от натиска германцев переселились на Ильмень и Ловать, где и основали Новгород и Псков около 216 г. до Р.Х. (Птолемей)“

„По падот на македонското кралство, дел од Македонците околу 320год. п.н.е, се преселиле крај Балтичкото море,народот таму бил познат под името Бодричи,зачувувајќи го грбот на Александар Македонски, Букефал и грифонот до самиот пад. Бодричи говореле на словенски јазик, и од притисокот на германите се преселиле во Илмен и Ловат, каде го основале Новгород и П’сков околу 216год п.н.е. (Птоломеј)“.

Словенски етноси на територија на денешна источна Германија

Бодричите се познати и како обдорити, оботрити, рароги,руги,руси,древни. Тоа е најмистериозното словенско племе, кое живееле во јужниот дел на Балтикот околу 16 века, од 4 век п.н.е. до 12 век од н.е. Ги основаат градовите Новгород и Псков. Новгордците се сеќаваат на своите корени се до почетокот на 17 век, времето на владеење на Иван Василевич Грозни, кој ги обедини Словените во северна Русија.

Словенски етноси во Европа

Одредени извори посочуваат дека основачот на првата руска династија Рурик бил од племето на Бодричите-Македонјанин, татко му бил Готслав, кој погинал во 808 година во битката против Данците. После разорувањето на Рарог, главниот град на Обордитите, Рурик со семејството заминува за Новгород, каде го добива статусот на кнез.

Несомнено Бодричите (Македонјаните), имале древна славна историја пред да дојдат на Балтикот. Нема сомнение дека токму они одиграле голема улога во формирање на прибалтичкиот сојуз на племиња, кои објавиле смртна војна на Рим. Фактот е дека Бодричите (Македонјаните) се словенско племе кое му даде живот на руската државност и тоа е добро познато на секој образован Русин.

Сега ние да се вратиме во времето пред да тргнат Македонците на север, на Прибалтикот.

Во 3-та македонско-римска војна, во 167 година п.н.е. кај Пидна, Рим ја победува Македонија и кралот Персеј со фамилијата завршува во заробеништво во Рим, каде е погубен. Рим ја опустошил Македонија, ги спалил градовите, библиотеките, театрите, со километри долги каравани со украдено благо се движеле од Македонија кон Рим. Над 250 000 Македонци се одведени како робови во Рим и римските провинции, а кралството Македонија било поделено и било забрането било каква комуникација помеѓу деловите од тоа кралство.

Еден дел од овој народ, после егзодусот извршен од Рим, заминува на север, на Прибалтикот, каде се познати под името Бодричи, Обордити, Древни, Македонјани, кои формираат сојуз кој објавил смртна војна на Рим. Мотивите за таа војна, која трае до ден денешен, веќе добро ни се познати.