ЦАР ДУШАН – ЦАР НА МАКЕДОНЦИTE И РАШАНИTE

0
259

Феликс Петантиус, хроничар од Дубровник, во 1502 година во „Historia Turcica”, го запишал Цар Душан како Цар на Македонците и Рашаните.

-„.. Во меѓувреме лукаво ги даруваше нивните први луѓе со богати дарови, посрамотувајќи ги потоа како пребегани и предавници. Во такви прилики „Стефан, цар на Македонците и Рашаните“ (Stephanus Macеdоnum Rasianorum caesar) – а тој со глава е нашиот кнез Лазар – за кого се говори дека бил „одличен војвода и борец“ (dux singularis et miles) наредил на војсководците да ја соберат војската, а благородниците ги повикал кај себе во двор, да се посоветува за спас на државата. Меѓу гостите бил и еден „илирски кнез, пламенит и ревен, по име Милон Кабле“ (dux illyricus quidam nobilis, pervigil, cui Myloni Chable, nomen erat); не е, секако, тешко да погодите дека позади така изменетото име не се крије никој друг од Милош Кобилиќ. За него е кажано дека исто така примал дарови од Турците. На гозбата, „царот“ на своите „рашки, македонски и други кнезеви и првенци на кралството“ одржа потресен и драматичен говор…

“Славен царе! Говорам за себе, затоа што многу се срамам да пред овој возвишен суд водам спор за други. Ова е работа во која главата е во прашање, а секој треба да ја чува својата глава и да не ја изгуби безумно. Но кога војсководците, прославени во војна, обвинети за злосторство, зарем не е потребно да бидат присутни и тужителот кој им го препишува злосторството и сведоците кои се достојни на верата? Царот вели: гласините обвинуваат. Зарем на нив да веруваме? Бидејќи, благороднику, таквиот суд несигурен, јас никако не гледам дека може да се направи судење за злочин. Навистина признавам дека од турскиот цар сум примил дарови, но одбивам дека јас, Милон, сум бегалец и предавник во битка. О цару, кога одбивањето на дарови кои ги дава тиранинот е смртно опасно, и кога ги, меѓутоа сме ги примиле претварајќи се дека сме му верни и со такво лукавство ја сочуваме главата, тогаш тоа е вештина, а не може да биде злочин. Ти царе, призна дека веќе долго пред твоите очите е мојата врлина и на моите предци. Со задоволство ги примам твоите пофалби, славен цару, но те молам: помогни на милосрдниот Милон да безумно не пропадне Старото право на македонските кралеви кое бара да судењето за криминалот се изврши таму каде е тој направен. Според тоа јас ќе појдам кај турскиот крал таму да ми се суди поради криминалот за кој се шири глас!“

Извор: Мирослав Пантиќ: Од книжевната прошлост – студии и ставови (СКЗ, Белград, 1978)