ЕТНОГЕОГРАФСКИТЕ ГРАНИЦИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХV ВЕК

0
187

Српскиот писател и хроничар Mapтин Сегон во 1480 г. ги опишува етногеографските граници на

Македонците во 15. Век:

– „ Македонците се народ сроден со Србите (…кои претпочитаат мирен начин на живот, за разлика

од Власите планинци – див и борбен народ)… Рашка (Србија) на југ се протега до тромеѓето меѓу

Дарданците, Трибалите и Македонците. Скопје се наоѓа на границата меѓу Дарданија и

Македонија, и низ градот тече реката Вардар… Мостот на р. Струма во близина на планината

Жеглигово [*1], долината кај с. Конопница и Велбужд (Ќустендил), ги дели Македонците од

Трибалите или Бугарите. …Реката Дрим извира од езерото близу Охрид, градот на Македонците, и

истата ги дели од дебраните (кои се нарекувани Дарданци). …Планинскиот масив Орбел [*2] ја

одвојува Македонија од Епир, Тесалија, Волос, Акарнанија, Етолија, Беотија и Атос, а од другата

страна ги дели Македонците и племето Беси од Трибалите, Скордисците и Траките, и завршува кај

Егејското Море… Границата на Епиp е кај пл. Пинд [*3]. …Струма претставува граница меѓу

Траките и Македонците. …Грчките населби се наоѓаат во и околу Солунскиот Залив, јужно од

Солун – славниот град на Македонците. “

Mapтин Сегон (од Котор, денешна Црна Гора) е католички бискуп на Улцин, што живеел во 15. век.

Тој во 1480 г. напишал извештај за состојбите на Балканот (завладеан од Турците), и во него

воглавно се говори за географијата и патиштата, но, меѓу другото, ги опишува и народите на

полуостровот.

БЕЛЕШКИ:

[*1] Се мисли на Осоговските Планини, Жеглигово во средниот век бил нарекуван кyмановско-

кривопаланечкиот крај ; [*2] Тука авторот ја има предвид планинската верига Динариди, на запад и

на југ од Македонија (oд Скопска Црна Гора и Бистра до Олимп, а на север се протега, покрај

Далматинското крајбрежје, сè до Јулиските Алпи), на којашто ги надоврзува Осоговските Пл. и

Пирин, на североисток и исток во Македонија ; [*3] Границата на Епир со Македонија и Тесалија.

Извор: A. Petrusi, Martino Segono di Novo Brdo, vescovo di Dulcigno, un umanista serbo-dalmata di tardo Quatrocento, Roma 1981.