За нас

Да запошнеме со самото име. Името на проектот „Исторени“, кој во англискиот говор го носи терминот history, во суштина го содржи кодот за и-сторените работи.

Целта на нашиот проект istoreni.com е да прикажеме кратки содржини со егзактни историски факти за македонскиот историски континуитет, без притоа да навлагуваме подлабоко во нивната содржина, анализа, освен понекогаш со наши кратки коментари.

Со оваквиот стил и начин на прикажување на историските факти, кратко, концизно и јасно, сакаме да допреме и до македонската младина.

Проектот „Исторени“ е од отворен карактер, со можност секој активно да учествува во него со неговата архива на историски содржини.

Добредојдена ќе биде и поддршка од финансиски карактер, со единствена цел овој проект да го издигнеме на едно повисоко ниво.

Со почит,

Реадакција „Исторени“