СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ – Њу Јорк Тајмс Сервисот за Вести

0
129

Пишува, Јозеф М. Леви

Истанбул, Турција – Можеби за прв пат од историјата на оваа војна, САД и Британија имаат позитивен доказ за политичкиот интегритет на нивните руски сојузници.

Советскиот Сојуз одби да и вети на Бугарија дека таа може да ги задржи Македонија и Тракија после војната (втора светска), иако оваквото ветување ќе дадеше моментален резултат на бугарските револуционери против германските сили и ќе го ослабнеше целoтo германскo јужno крило, така спасувајќи илјадници од руските живот. Русија ги постави идеите на Обединетите нации и принципите на Атлантската повелба пред нејзините моментални интереси.

Ова е вистинска приказна позади неконтролираните реакции кои во последните четери дена ја тресат Бугарија.