Има многу интересен ракопис во една од римските библиотеки. Публиј Лентулус, римски сенатор и гувернер на Јудеја за време на владеењето на Август, напишал писмо до императорот, во кое може да се види опис на физичкиот изглед на Исус Христос.
ПУБЛИУС ЛЕНТУЛУС, неговиот извештај до Сенатот на Рим, околу Исус Крст (Христос).
Во деновите на Тибериус Цезар Императорот, Публиус Лентулус (Publius Lentulus), koj во тоа време беше римски сенатор и гувернет на Јудеја, напиша текст до Сенатот на Рим, со селадната содржина
Во нашево време се појави, и сè уште живее, Човек со голема моќ, наречен Исус Крст (Христос), кој од народот е прифатен како пророк, но неговите ученици го нарекуваат син Божји.
Тој ги воскреснува мртвите и ги лекува сите болести. Тој е човек со просечна големина и пријатен изглед, со лице што бара почит, каде тие што го гледаат можеби го сакаат или се плашат. Има коса во боја на целосно зрел костен, мазна речиси до ушите, но под ушите виткана и прилично потемна и поблескава, виси над рамениците.
Во средината на главата, има патец на косата, според обичаите на Назарјаните. Неговото чело е многу рамно и мазно. Неговото лице e без дамки и набори, разубавено со пријатно црвено. Неговиот нос и уста така формирани каде не може да се даде никаква забелешка. Неговата брада е малку густа, во склад со бојата на косата, не многу долга, но поделена на средина. Невин поглед. Неговите очи се сиви, чисти и брзо се движат.
Во укорот тој е трескавичен, во опомената љубезен, со коректен говор, пријатен.
Не може да се запамети дека некој го видел да се смее, но многу го виделе како плаче.
Во пропорции телото е добро обликувано и исправено. Неговите раце се многу фини за надгледување. Во говор, многу умерен, скромен и мудар.
Човек со единствена убавина, надминувајќи го децата на човекот.