ОТВОРАЊЕ НА ПРВОТО СВЕТОВНО НАРОДНО УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (1837 г.)

0
91

Во Велес во 1837 година, во маалото Прцорек, на левата страна на реката Вардар, Јордан Хаци Константинов Џинот го отворил првото световно училиште во Македонија со настава на народен јазик. (За ова поподробно: Ристо Кантарџиев, Македонското преродбенско училиште, Скопје 1965, стр. 50-55). Во ова писмо на Ј. Хаци Константинов-Џинот до Друштвото на српската словесност во Белград во 1856 г. тој говори за предметите што ги предавал во ова училиште.

Јас во Велес отпрво деца кога заучив, почнав да ги учам: Буквар, св. Историја, Црквена Историја, Оглашение вери, Географија, Всеобштаја историја, Граматика со художнословие и дијалектика, Црквена оправ, Толкование все свештеноописание, Митологија итн. со ред, т.е. формално и сложно, и почнаа нашите деца да напредуваат и плод да принесуваат и така мене сите наши граѓани ме извишија до небеси.

Извор: Српска Академија Наука (Београд) – Архив. – Дел. бр. 564. 1856.