ЗАПИС ОД УЧИТЕЛОТ ЃОРЃИ МАКЕДОНСКИ ЗА СВОЕТО ПОТЕКЛО, 1846 г.

0
554

Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште, и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како 7-мо дете од дванаесетте деца, пет машки и седум женски. Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стоиман, свјаштеник. И ја прекарот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме Славјани од Маќедонија. Ден Голема Богородица на 1846 година.

Ѓорѓија Маќедонски

Извор: Богослужбена книга „ Општи минеј” – во црквата в с. Радибуш, Кривопаланечко. Последна непагинирана страница.