Извадок од Резолуцијата на Петтата пленарна седница на Комунистичката партија на Грција (ККЕ), 1949

0
521

„Во Северна Грција Македонците (Славо-Македонците) го дадоа најдоброто од себе за борбата и продолжија да се борат со невиден хероизам, само-жртва, учествувајќи во крајниот исход. Нема сомнеж дека, како резултат од победата на Демократска армија на Грција и народната револуција, македонскиот народ ќе се најде во финалната резолуцијата за неговиот национален статус, како што тие бараат, проливајќи ја крвата денес за негова реализација. Македонските комунисти секогаш се на чело на народната борба. Во исто време, македонските комунисти треба да бидат свесни дека сепаритисти и шовинистички реакциони елементи поддржани од странство, имаат единствена цел да го нарушат единството помеѓу Македонците (Славо-Македонци) и Грците, која е во интерес на заедничкиот непријател – монархофашистите и Англо-Американските империјалисти. Истовремено, Комунистичката Партија на Грција треба да ги отстрани сите пречки и да се спротистави на сите Големо-Грчки шовинистички појави и активности кои предизвикуваат незадоволство и неодобрување од Македонците и на таков начин поддржуваат отпадници во предавничките активности, помагајќи ја работата на реакционерите. Славо-Македонците и Грците може да победат единствено ако се обединети. Оттука, единството на двата народи во борбата треба драгоцено да се чува, поддржува и консолидира дневно“.

30-31 Јануари, 1949